НЛБ Нов пензиски фонд го зголеми капиталот

Bez autora
May 04 2011

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ја одобри третата емисија на акции на НЛБ Нов пензиски фонд по пат на приватна понуда, со што ќе бидат издадени 1.200 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција. Третата емисија, како што соопшти КХВ, се врши заради зголемување на основната главнина со парични влогови. Акциите се наменети за институционалните инвеститори - постојни акционери на НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје. Односно, 612 акции за Нова Љубљанска банка ДД Љубљана и 588 акции за НЛБ Тутунска банка АД Скопје. КХВ даде согласност и за измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност со кои се овозможува акционер на депозитарот да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 отсто.

НЛБ Нов пензиски фонд го зголеми капиталотКомисијата за хартии од вредност (КХВ) ја одобри третата емисија на акции на НЛБ Нов пензиски фонд по пат на приватна понуда, со што ќе бидат издадени 1.200 обични акции со номинална вредност од 100 евра по акција.

Третата емисија, како што соопшти КХВ, се врши заради зголемување на основната главнина со парични влогови. Акциите се наменети за институционалните инвеститори - постојни акционери на НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје. Односно, 612 акции за Нова Љубљанска банка ДД Љубљана и 588 акции за НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

КХВ даде согласност и за измените и дополнувањата на Статутот на Централниот депозитар за хартии од вредност со кои се овозможува акционер на депозитарот да се стекне со акции без ограничување, доколку ги исполни утврдените законски услови за квалификувано учество, наспроти сегашниот максимум од 15 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik